Правила и промени 1 мин читање
Општина Центар им дава на младите 10.000 денари за возачка Б
149 млади од Центар веќе ја добиле субвенцијата оваа година. Кој има право и кои документи се потребни.
Општина Центар во Скопје соопшти дека од почетокот на годината до крајот на октомври 2026, 149 жители на општината добиле по 10.000 денари субвенција за обука и полагање за возачка дозвола од категорија Б.
Кој има право
Младите родени во 2006, 2007 и 2008 година. Автошколата каде се посетува обуката треба да е регистрирана во Општина Центар. Новина оваа година: субвенцијата може да се уплати и на сметката на еден од родителите.
Кои документи се потребни
- барање за субвенција
- копија од личната карта
- копија од трансакциската сметка
- доказ за уплата во автошколата
- доказ дека автошколата е регистрирана во Општина Центар
Документите се поднесуваат во архивата на Општина Центар (барака бр. 6), секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повика сите млади што имаат право да аплицираат.
Имаш прашања за документите што ти требаат од автошколата? Пиши ни или дојди во канцеларија.
Извор: МИА. Фото: Bojtren / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.